Во пресрет на Големата награда на Бахреин, Луис Хамилтон изјави дека не планира да ја напушти Формула 1 на крајот од оваа сезона, кога ќе му истече договорот со Мерцедес. Тој и Тото Волф неколку пати повторија дека ќе склучат нов договор, но и дека преговорите за него ќе бидат одложени до дополнително известување.
По слабиот старт на сезоната се поголеми се гласините дека Британецот може да ја забрза одлуката околу напуштање на Формула 1, но сето тоа го демантираше првиот човек на германскиот производител Тото Волф.
„Мислам дека нема смисла да се зборува за тоа кој ќе вози за нас во 2024 година. Сите ние, пилоти, инженери и шефови, мораме да работиме во една насока. Не можеме да си дозволиме да се откажеме, тоа никогаш досега не се случило, а нема да се случи ниту овој пат. Што се однесува до Луис. Тој го обединува целиот тим и не верувам дека неговиот став или амбициите ќе се сменат поради лошиот почеток на сезоната за нас. Заедно со Луис освоивме осум светски титули за конструктори, тој освои шест титули. Нашиот однос не се менува“, изјави Волф.
Волф повторно објасни дека Мерцедес немаат намера да се откажат и ќе се борат до крај за да се вратат на врвот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА