Одлични вести: Рафаел Надал почна со тренинзи (ВИДЕО)

Иако Рафаел Надал неодамна изјави дека се уште ги чувствува последиците од повредата која ја заработи за време на Отвореното првенство на Австралија, се чини дека полека, но сигурно се враќа од неа.

На интернет се појавија видеа на кои се гледа како шпанскиот тенисер на тениско игралиште тренира на земјена подлога. Надал сега работи во полесен ритам, се фокусира на работа на контакт со топката и не прави тренинзи кои се физички напорни и ризични.

Како што стојат работите, извори блиски до Надал, но и тој самиот потврдија дека тој планира да се врати на теренот во сезоната на земја. Каде, тоа е се уште неизвесно и ќе зависи од понатамошниот напредок во неговото закрепнување, за кое Надал рече дека „се одвива побавно од очекуваното“.

Мастерсот во Монте Карло кој почнува на 8. април е предвиден како прв можен датум за враќање.

 

 

Се вчитува...