Манчестер јунајтед тргнува по потписот на Хари Кејн

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн би можел конечно да го напушти лондонскиот клуб следното лето. Како што пренесуваат островските медиуми, во редовите на Манчестер Јунајтед владее се поголем оптимизам и верба дека голгетерот би можел да се пресели на „Олд Трафорд“.

Клубот е убеден дека Кејн би можел да одлучи да си замине доколку Тотенхем не успее да се пласира во Лигата на шампионите. Расположението во таборот на Јунајтед расте откако преку своите контакти добија позитивни сигнали од репрезентативецот на Англија.

Тотенхем моментално е четврти, но за таа позиција им претстои битка со Њукасл и Ливерпул. Договорот на Кејн со Tотенхем истекува во летото 2024 година, а од клубот стравуваат дека би можеле да го загубат без обештетување доколку не го продадат следното лето. Во Манчестер Јунајтед веруваат дека Тотенхем во тој случај би бил подготвен да ја намали цената од 112 милиони евра.

Се вчитува...