Лука Станковски во тимот на колото во Словенија

Младинскиот фудбалски репрезентативец на Македонија и еден од најталентираните наши играчи Лука Станковски и донесе победа на својата Горица од минимални 0-1 на гостувањето кај Целје во Првата словенечка лига.

Лука Станковски во својот трет натпревар за словенечкиот тим откако пристигна од Турција веднаш се истакна и беше главен виновник за големата победа откако го постигна победничкиот погодок во 49. минута.

Одличната партија на младиот фудбалер му донесе и место меѓу најдобрите на рундата во словенечката елита.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prva liga Telemach (@prvaligasi)

Се вчитува...