Настапи 44 пати за Германија, а сега ќе игра за Алжир?

Поранешниот германски репрезентативец Мичел Вајзер, би можел во иднина да настапи за селекцијата на Алжир, и покрај тоа што има 44 настапи во дресот на Германија.

Вајзер има корени од Алжир по неговата мајка, па според германските медиуми наводно веќе бил во контакти со федерацијата на Алжир, за можноста да настапи за оваа селекција. Моментално Вајзер е играч на Вердер Бремен, а игра како десен бек. Во минатото беше дел од Баер Леверкузен, Херта, Кајзерслаутерн, а има и играно за Баерн Минхен. Како младинец играше и во Келн.

Вајзер беше дел од националните тимови на Германија од 16 до 21 година и го носеше дресот 44 пати, а со Германија го освои Европското младинско првенство во 2017 година, во кое учествуваше и Македонија. Но, ниту Јоаким Лев ниту сега Ханс Флик не го повика Вајзер во сениорскиот национален тим, и токму тоа е гаранција дека ќе може да игра за селекцијата на Алжир.

Се вчитува...