Лацио доживеа неочекуван пораз во првиот натпревар од осминафиналето во УЕФА Конференциската лига. На „Олимпико“ во Рим „лацијалите“ загубија од холандски Аз Алкмар со 1-2.
А, ништо не наведуваше на пораз на Италијанците откако Педро уште во 18. минута донесе предност за Лацио од 1-0.
Сепак, Павлидис уште пред полувремето, во 45. минута, успеа да донесе израмнување за Холанѓаните.
А, во 62. минута Керкез постигна погодок за конечна победа на Аз Алкмар од 1-2 со која прави голем чекор кон четвртфиналето во Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

