Адеми потпиша тригодишен договор со Пекинг Гуан за вкупно 5 милиони евра!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и официјално потпиша тригодишен договор со кинескиот Пекин Гуан!

31-годишниот Адеми од 20. март и официјално станува нов играч на Пекинг Гуан, за што Динамо Загреб ќе добие отштета од еден милион евра.

Според информациите од Кина, македонскиот фудбалер за кинескиот клуб потпиша за вкупен договор од 5 милиони евра за три години, или 1.650.000 евра по сезона.

Последниот натпревар за Динамо Загреб, Аријан Адеми ќе го одигра на 19. март против Ријека. Од хрватскиот шампион заминува како најтрофеен играч во историјата на клубот.

Со Динамо Загреб освои 11 шампионски титули, шест титули во Купот и три трофеи во Суперкупот на Хрватска. На „Максимир“ стигна во 2010 година од Шибеник каде остана цели 13 години. За „модрите“ одигра 358 натпревари постигнувајќи 41 гол а дополнети и со 30 асистенции.

Се вчитува...