Кошаркарите на Далас Маверикс славеа на домашен терен против Јута Џез со 120-116 во еден од најинтересните натпревари синоќа во НБА лигата.
Кајри Ирвинг со 33 поени беше прво име кај победникот, а го пратеше и Лука Дончиќ кој уфрли 29 поени. Кај поразените 33 поени постигна Лаури Марканен.
Лос Анџелес Лејкерс стигнаа до нова победа без услугите на Леброн Џејмс откако синоќа славеа на домашен терен против Мемфис Гризлис со 112-103. Ентони Дејвис со 30 поени беше убедливо најдобриот поединец кај победникот, додека кај поразените Џерен Џексон уфрли 26 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Вашингтон 117-119, Орландо – Милвоки 123-134, Њујорк – Шарлот 105-112, Минесота – Филаделфија 94-117, Хјустон – Бруклин 96-118 и Оклахома – Голден Стејт 137-128.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

