Напаѓачот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез изјави дека има многу добри односи со соиграчот Ерлинг Холанд, од кого често добива совети.
Халанд и Алварез претходното лето стигнаа во клубот. Норвежанецот пристигна од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра, додека Аргентинецот беше позајмен од Ривер Плејт во првата половина на 2022 година, кој го потоа го продаде на англискиот тим.
Норвешкиот репрезентативец постигна 33 гола и забележа пет асистенции во 34 настапи оваа сезона. Алварез беше стрелец на 10 гола во сите натпреварувања, а забележа и три асистенции. Јужноамериканецот блесна на Светското првенство во Катар, каде што даде голем придонес кога неговата репрезентација го освои светскиот шампионат.
„Халанд не е само добар фудбалер, туку и исклучителен човек. Тој ми помага, разговараме многу и се трудам да учам од него кога не сум на теренот. Меѓутоа, кога дојдов во Англија, тој ми кажа дека навива за Бока Јуниорс во Аргентина и дека се восхитува на нивниот стадион. Мислам дека на Ерлинг влијаеше неговото запознавање со стоперот Леонардо Балерди во Дортмунд. Времето ќе покаже дали можам да му го сменам мислењето. Ќе биде тешко, но ќе се обидам“, изјави Алварез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

