Харизматичниот Џанмарко Поцеко кој стана хит во јавноста со еуфоричната послава на победите на Евробаскетот 2022 го потврди интересот на Панатинаикос за негов ангажман по заминувањето на Дејан Радоњиќ од клупата на евролигашот од главниот град на Грција.
Во јавноста се споменуваше и договор од половина милион евра по сезона, гласина која Италијанецот не ја потврди, но откри дека имал разговор од половина час со претседателот на клубот, а и причината за одбивање на понудата.
„Панатинаикос е еден од најдобрите тимови во Европа. Кога јас бев играч таму беше Жељко Обрадовиќ. Не победуваа многу пати така да стекнав голема почит кон клубот. Морам да ја кажам вистината. Ме побара господинот Јанакопулос и имавме неверојатен разговор од 30 минути, но тогаш имав други планови. Неколку дена претходно станав татко“, вели Поцеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА