Теодосиќ во иста вечер престигна дваjца легендарни Грци

Победата на Партизан над Виртус Болоња во 27. коло од Евролигата со која белгардскиот гигант зачекори кон плеј-офот на најсилното европско кошаркарско натпреварување го остави во сенка учинокот кој го достигна Милош Теодосиќ.

Легендарниот српски кошаркар оствари нов дабл-дабл учинок, овој пат од 11 поени и 12 асистенсии со кој во еден натпревар успеа да ги престигне Димитрис Дијамантидис и Василис Спанулис на вечната листа по бројот на асистенции и постигнати обиди за три поени.

Сега Теодосиќ е седмиот најдобар асистент во историјата на Евролигата со 1256 асистенции и петтиот најдобар „тројкаш“ со 519 постигнати обиди зад линијата 6,75.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BasketNews (@basketnews)

Се вчитува...