Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најави за лето дека тимот ќе се засили со шест нови имиња, и покрај тоа што екипата се соочува со финансиска криза и со неможност да регистрира играчи.
Меѓутоа првиот човек на Барса најави дека екипата ќе се засили со најмалку шест нови имиња за идната сезона, со цел екипата да атакува кон трофејот во Лигата на шампионите.
„Ова лето носиме лев бек, стопер, напаѓач, и најверојатно играч за врска, во зависност од понудата на пазарот. Во нападот ни недостасува уште еден играч за да ја склопиме целата сложувалка. Но, мора да се има во предвид дека нашите ресурси се ограничени. Езалзули и Гонзалез ќе ни се вратат од позајмиците во Осасуна и Валенсија. Нашиот тренер ги сака. Освен тоа објавувам дека ќе го продолжиме договорот со Бускетс“, најави Лапорта.
За да добие зелено светло за нови трансфери Барса ќе мора најпрвин да продаде фудбалери за вкупна сума од над 200 милиони евра, а меѓу оние кои се очекува да си заминат се споменуваат Френки де Јонг и Ансу Фати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

