Прекрасен гол постигна играчот на Академија Пандев Мартин Ѓоргиевски. Од десната страна можеби намерата беше да нафрли, но топката го изненади голманот на Победа, и отседна во мрежата уште во 3. минута од мечот.
На Автокоманда Македонија ЃП води против Скопје, а Шкендија поведе против Работнички во Тетово. Цаке му донесе предност на тетовскиот тим со гол од одбиена топка.
На дербито во Струга, Адетунџи промаши „зицер“ во обидот да ги донесе гостите до предност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА