Ако Бесарт Ибраими не реалзиираше два пенали во дуелот со Македонија ЃП, денеска Ибраими му ја препушти улогата на Буњамин Шабани.
Шабани не е Ибраими, па беше прецизен од белата точка совладувајќи го Наумовски за водство на Струга ТЛ во дербито со Шкупи. Пеналот го направи Наумовски кој стартуваше над Малески по една одлична акција на стружани.
Ова беше и еден вид казна за нереализираната голема шанса на Шкупи преку Адетунџи кој промаши празен гол по грешката на Радиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА