ПОЛУВРЕМЕ: Струга од пенал го „скрши“ Шкупи, Шкендија со убедливо водство, Брегалница со предност од Кратово (ВИДЕО)

Полувреме е на сите натпревари од 22. коло во Првата македонска лига и има неколку интересни резултати. Неубедливата игра на Шкупи продолжува и трето коло по ред, и чаирскиот тим губи во Струга од лидерот на табелата со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Шабани од белата точка. Пеналот го изнуди Малески по стартот од голманот Наумовски. Адетунџи имаше шанса на 0-0, но не реализираше.

Во Тетово веќе е познат победникот, откако Шкендија има 2-0 во дуелот со Работнички со головите на Цаке и на Милев. Водство има Брегалница на „жешкиот терен“ во Кратово со голот на Ѓорѓи Ѓоргиев.

Води и Македонија ЃП на гостувањето на Автокоманда против Скопје, а Академија Пандев уште од 3. минута со голот на Мартин Ѓоргиевски го отвори резултатот против Победа.

Се вчитува...