ВМФЛ: Вардар го „преслуша“ и Борец, победа и за Воска, реми во дербито меѓу Гостивар и Пелистер

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и покрај сите проблеми со кои се соочува продолжува со победите во Втората фудбалска лига на Македонија. Овојпат „црвено-црните“ славеа на гостувањето кај Борец со 0-3 во меч од 19. рунда.

Владимир Жоглев беше стрелец на првите два гола на скопскиот тим со кои уште еднаш покажа дека е еден од лидерите во тимот на Бобан Грнчаров. Конечните 0-3 ги постави Јусуфи. Во дербито на колото Гостивар и Пелистер одиграа без победник 1-1. Воска оствари нова победа откако славеше на гостувањето кај Беса со 0-1.

Каменица Саса со гол од пенал во осмата минута од судиското надополнување, стигна до победа над Слога Виница.

Поради случувањата пред почетокот на натпреварот дуелот меѓу Беласица и Пехчево (ЛОКОМОВИТВА) и нападот над гостинскиот стручен штаб, мечот не се одигра.

ВТОРА ЛИГА 19. КОЛО: 

БОРЕЦ – ВАРДАР 0-3 

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР  1-1

БЕСА – ВОСКА  0-1

ОХРИД – АРЕСИМИ 2-0

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – КОЖУФ 0-0

КАМЕНИЦА САСА – СЛОГА ВИНИЦА 1-0  

БЕЛАСИЦА – ЛОКОМОТИВА СКОПЈЕ (НЕ СЕ ОДИГРА) 

(УТРЕ) КАРАОРМАН – ТЕТЕКС 

Се вчитува...