Фудбалерите на Струга Трим и Лум стигнаа до голем триумф откако денеска славеа на домашен терен против актуелниот шампион Шкупи со 2-1 во дерби натпреварот од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Деби на клупата на стружани имаше Шпетим Дуро кој е презадоволен од тоа како изгледал неговиот тим …
„Тоа беше исклучително важен натпревар. Прво тоа беше моето деби како тренер, а второ се соочивме со шампионскиот тим, тим со многу потенцијал и тоа ме прави многу задоволен. Секако дека ваквите победи против директен противник ја обновуваат довербата во тимот и верувам дека со оваа победа самодовербата се зголеми. Се надевам дека ќе продолжиме со ова темпо до крајот на првенството бидејќи ќе биде многу тешко. Шкупи има тим со многу потенцијал во фазата на средниот ред и нападот и на овие натпревари интерпретацијата мора да биде совршена особено во дефанзивниот аспект. Се фокусиравме на покривање на нивните силни страни, како на пример Алварез и Хамиди и успеавме во тоа. Игравме исклучително добро во средниот ред и имавме и брзи контранапади, преку кои како што видовте и во текот на второто полувреме можевме да постигнеме уште еден гол и да стигнеме до поголема победа. Многу, многу сум задоволен, дефинитивно од победата, но и од начинот на кој тимот изгледаше на теренот“, изјави Дуро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА