„Нула“ и во Лондон на полувреме меѓу Тотенхем и Милан

И вториот натпревар од денешната понуда во Лигата на шампионите кој се игра во Лондон меѓу Тотенхем и Милан по првите 45 минути е без голови 0-0.

Домаќините имаат посед, но не успеаја посериозно да го загрозат голот на гостите кои одлично одолеваат на нападите на англичаните и себично ги чуваат оние 1-0 од првиот меч одигран на „Сан сиро“.

Исто како и Пари Сен Жермен, така и избраниците на Антонио Конте ако не успеат да постигнат гол во вториот дел ќе мора да се збогуваат од елитното натпреварување за оваа сезона.

 

 

Се вчитува...