Германскиот шампион Баерн Минхен се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако и во реванш дуелот од осминафиналната фаза славеше овојпат со 2-0 на домашен терен на „Алијанц арената“ и го елиминираше францускиот првак Пари Сен Жермен.
Најголемата шанса во првото полувреме гостите ја имаа во 38 минута по големата грешка на голманот Јан Зомер, Витиња добро биеше, но овојпат Баварците ги спаси Матиј де Лихт кој одлично интервенираше.
Во второто полувреме прво на Чупо Мотинг му беше поништен гол, откако главниот судија на мечот, Италијанецот Орсато по разговор со ВАР собата досуди офсајд, бидејќи според нив Томас Милер играл последен со топката. На снимката од натпреварот не се гледа дека Милер игра со топката, па по се изгледа на крајот Баерн Минхен е оштетен во оваа ситуација.
Сепак, Чупо Мотинг се запиша во листата на стрелците кога во 61. минута донесе водство за домаќините од 1-0. Конечните 2-0 ги постави Серж Гнабри во 90. минута.
Bayern Munich [1] – 0 PSG [2-0 on agg.] – Eric Maxim Choupo-Moting 61'
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

