„Катанаџото“ е повторно во мода: Милан со „нула“ ја урна „11 годишната клетва“ во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на италијанскиот шампион Милан се четвртите патници во четвртфиналето од годинашната сезона откако вечерва ремизираа на гости кај Тотенхем (0-0) во реваншот од двомечот во елитното натпреварување.

На тотално италијански начин „росонерите“ успеаја да ја умртват играта на противникот и да успеат да ја зачуваат минималната предност од (1-0) од првиот натпревар одигран на „Сан сиро“.

За издвојување од натпреварот е црвениот картон на фудбалерот на домаќините Ромеро во кој го заработи во 77. минута.

Со оваа победа „росонерите“ успеаја по 11 години да се пласираат меѓу осумте најдобри во Европа.

Cristian Romero red card against Milan 76'
byu/alexinup insoccer

Се вчитува...