Кошаркарите на Денвер не ја оправдаа улогата на фаворит на мечот со Чикаго, и на свој терен убедливо загубија со 117-96. Денвер одигра слабо, особено во вториот дел. И Никола Јокиќ има ноќ за заборав, иако беше најдобар на терен и за 35 минути уфрли 18 кошеви и 12 скока. Беше блиску до трипл-дабл со оглед дека забележа осум асистенции. Зек Лавин кај Чикаго беше најефикасен со 29 поени.
Ако победникот од овој дуел беше одамна познат, крајно неизвесен беше мечот во Вашингтон, каде Визардс загуби од Атланта со 120-122. Во текот на целиот меч двата тима се менуваа во водство. Во еден момент во третиот период Вашингтон имаше предност од 15 поени која ја прокоцка некаде на средината на последниот дел, по што Атланта дојде до предност од пет разлика (117-122), а домашните само успеаја да намалат. Одлична партија за Вашингтон имаше Порзингис со 43 поени, но недоволно да се дојде до победа.
A career night for Kristaps Porzingis.
43 PTS (career-high)
5 REB
5 AST
7 3PM
77% FG pic.twitter.com/wZM13nDb7K— NBA (@NBA) March 9, 2023
Далас загуби од Њу Орлеанс со 113-106. Иако многу се очекуваше од Лука Дончиќ, сепак, Словенецот имаше скромни 15 поени, 3 скока и осум асистенции на нешто помалку од 28 минути минати на паркетот.
Феникс продолжува со добрите резултати, и предводени и Букер со 44 поени го совладаа тимот на Оклахома со 132-101. Во текот на целиот меч Санси имаа предност, а конечната победа ја обезбедија во третата четвртина која ја добија со 44-28.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Атланта 120-122
Бостон – Портланд 115-93
Мајами – Кливленд 100-104
Њу Орлеанс – Далас 113-106
Денвер – Ликаго 96-117
Феникс – Оклахома 132-101
ЛА Клиперс – Торонто 108-100
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

