Тренерот на Бриж со отказ ја „плати“ елиминацијата од ЛШ – беше на клупата само два месеци!

Англискиот тренер Скот Паркер, не е повеќе шеф на стручниот штаб на Бриж. Паркер доби отказ после елиминацијата на белгискиот тим од Лигата на шампионите по катастрофата од Бенфика со 5:1 (вкупни 7:1).

Паркер на чело на екипата мина нешто повеќе од два месеци, откако забележа само две победи во 12 натпревари. Освен елиминацијата во Лигата на шампионите, на Бриж слабо му оди и во првенството, каде се наоѓа на четвртото место со дури 21 бод зад првопласираниот Генк.

„Скот Паркер не е повеќе тренер на Бриж. Беше назначен на 31. декември, а во 12 меча победи само два пати“, се вели во краткото соопштение на клубот.

Се вчитува...