Галтие: Фрустрирани сме и разочарани, рано е да се зборува за мојата иднина

Иако имаше амбиции да стигне до големото финале, ново разочарување за ПСЖ во Лигата на шампионите. Мбапе, Меси и другарите не само што не успеаја да ја надоместат негативата на Баерн Минхен од првиот меч во Париз, туку загубија и на реваншот, и во 180 минути не успеаја да постигнат ниту еден гол против „Баварците“.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие ја коментираше играта и елиминацијата. Тој е задоволен од играта на почетокот на мечот, и жали за пропуштените шанси.

„Не знаевме како да ги искористиме нашите шанси. Игравме многу добро во првата третина, но не ги материјализиравме истуациите. Во вториот дел примивме глупав гол. На ова ниво треба да се има повеќе вештина. Не знам дали е тоа лекција која треба да се научи, но фрустрирани сме и разочарани. Имавме доста важни отсуства. Моравме да менуваме и дефанзивци во првиот дел, што дополнително не направи ослабени“, рече Галтие.

„Навистина сме разочарани. Имавме големи надежи пред реваншот. За мојата иднина е рано да се зборува. Останувам фокусиран до крајот на сезоната. Оваа елиминација мораме брзо да ја пребродиме и да продолжиме понатаму“, додаде тој.

Се вчитува...