Играчот на Тотенхем удри по Конте: Не го разбирам, оваа сезона е ср*ње

Веднаш после елиминацијата на Тотенхем од Лигата на шампионите, остри стрели кон играчите и тренерот на Тотенхем, Антоио Конте. Не само од страна, туку и меѓу самите играчи доаѓаат остри напади кон тренерот на лондонскиот тим.

Прв со реакција се јави бразилскиот интернационалец Ришарлисон. Тој после натпреварот со Милан даде изјава во која жестоко го нападна својот тренер, иако не посочи директно за кого се однесува, но јасно е дека станува збор за својот тренер.

„Искрено, оваа сезона е ср*ње. Сакам да играм. Не разбирам… Се е во ред, ме тренира за први 11, а потоа пред меч ми соопштува дека повторно сум на клупата“, рече луто Ришарлисон.

Се вчитува...