Конте: Имам договор до јуни, но може да ме сменат претходно

После елиминацијата од Лигата на шампионите од Милан, тренреот на Тотенхем Антонио Конте се наоѓа на удар од јавноста и навивачите на овој тим. Италијанецот многу веројатно ги брои последните денови на клупата на лондонскиот тим. Договорот му е до јуни, но нема да биде изненадување ако добие отказ и порано.

За тоа е и самиот италијански тренер свесен, кој по елиминацијата од Милан кажа дека може да биде сменет и пред завршувањето на сезоната.

„Ова беше тешка ноќ, затоа што сакавме да одиме во следната рунда. Моите играчи дадоа се од себе од почетокот до крајот. Се обидовме да не загубиме рамнотежа, затоа што ако примевме гол и дома, ќе беше уште потешко. Разочарувачки е да се биде елиминиран од Лигата на шампионите, но треба да се има во предвид дека загубивме од шампионот на Италија. Во овие два меча разликата беше во тоа што тие беа поопасни од нас во офанзива“, рече Конте, и потоа додаде.

„Не знам што ќе се случи со мене. Имам договор до крајот на сезоната, но може да бидам сменет и претходно“, кажа кусо Италијанецот.

Се вчитува...