Милан успеа да остане непоразен на гостувањето против Тотенхем и по 11 години пауза конечно да се пласира во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, апсолутно заслужено ако се знае дека „росонерите“ и на двата натпревари беа подобар ривал од англискиот премиерлигаш.
Стефано Пиоли со причина беше задоволен, па тренерот на Милан дури и еуфорично најави дека неговиот тим е подготвен да се бори за титулата во елитното европско натпреварување.
„Бевме добри, навистина добри. Побарав од тимот да игра со карактер и тие ми возвратиј на вистински начин. Ова е заслужен пласман во четвртфиналето, во двата натпревари бевме подобри од Тотенхем. До каде можеме да стигнеме? До самиот крај, зошто да не, во фудбалот не постои зборот „невозможно“. Секако, не се залетуваме, ќе одиме чекор по чекор. Ја чекаме ждрепката за да видиме кого ќе добиеме за противник, а потоа ќе се насочиме кон подготовките за тие натпревари. Секако, паралелно со тоа ќе ја продолжиме и трката во италијанското првенство, за пласман во Топ 4. Во секој случај, убаво е да се сонува за добри работи“, изјави Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

