Легендарниот НБА играч уапсен поради пукање со пиштол (ВИДЕО)

Легендарниот НБА играч Шон Кемп, е уапсен во местото Такома во американската сојузна држава Вашингтон откако е снимен како пука на друг автомобил на паркинг во еден шопинг центар. Кемп наводно влегол во конфликт со друг возач, по што со пиштол излегол од автомобилот, а случаен минувач го снимал со својот мобилен телефон.

Полицијата брзо го нашла оружјето, и во тек е истрага, а Кемп е уапсен заедно со неколку лица.

Тој во свое време беше еден од најатрактивните играчи, познат по своите жестоки забивања. На драфтот 1989 година, го избраа Сиетл како 17. пик на драфтот, а играше и во Кливленд, Портланд и Орландо. Имаше 6 „Ол-Стар“ настапи, а три пати е одбран во втората најдобра петорка на НБА лигата.

Се вчитува...