Морант нема да оди во затвор, но прашање е кога повторно ќе заигра за Мемфис

Полицијата во Глендејл ја заврши истрагата за случајот со кошаркарот на Мемфис Гризлис, Џа Морант. По натпреварот со Денвер, Морант мавташе со пиштол во ноќен клуб и се „пофали“ со тоа на социјалните мрежи.

Што се однесува до полицијата, случајот е затворен и Морант нема да биде казнет бидејќи „нема доволно докази за да се обвини за кривично дело или прекршок“. Што се однесува до неговата ситуација во клубот, приказната е далеку од завршена.

Тимот веднаш објави дека Морант нема да биде таму барем на следните четири натпревари, но тоа можеби не е крајот. НБА лигата има строги правила во колективниот договор, оној кој на играчите им гарантира високи плати и други бенефиции, а во него јасно стои дека е забрането носење огнено оружје.

Според правилникот, тоа е автоматска суспензија од 50 натпревари за играчот кој не ги почитувал правилата, а во овој случај тоа е Џа Морант. Моментално е нејасно кога бекот на Мемфис Гризлис ќе може да се врати на паркетот, но се чини дека тоа нема да се случи наскоро.

Се вчитува...