Вучевиќ: Јокиќ заслужува уште еден МВП трофеј

Кошаркарот на Чикаго и црногорски репрезентативец Никола Вучевиќ изјави дека Никола Јокиќ заслужува по третпат во низа да биде прогласен за најкорисен играч во најсилната кошаркарска лига во светот НБА.

Кошаркарот на Денвер и српски репрезентативец Никола Јокиќ е прогласен за најкорисен играч за месец февруари во Западната конференција на НБА лигата. Пред и потоа, во кошаркарските кругови се води дебата за тоа кој заслужува да биде МВП во НБА оваа сезона.

„Мислам дека заслужува да добие уште една награда, онака како што игра. Ако го извадите од тој тим, тој тим нема да биде истиот. Работите што ги прави, ако се погледне неговата статистика, ефикасноста со која игра, тоа е многу импресивно. И не е дека ги има бројките и не победуваат. Тој ги разигрува своите соиграчи“, изјави Вучевиќ.

Се вчитува...