Лазаров избра за Португалија: Мишевски, Велковски и Митев освежување за националниот тим

Селекторот Кире Лазаров го објави списокот на ракометари кои ќе настапат за Македонија на денешниот дуел во Скопје против селекцијата на Португалија (19 часот, СЦ „Борис Трајковски).

Македонија ќе биде значително ослабена поради неиграњето на неколку ракометари кои беа стандардни во минатото, но Лазаров го продолжува трендот на подмладување на националниот тим. Десниот бек Мартин Велковски ќе добие шанса повторно да го облече репрезентативниот дрес по проблемите со повреди што ги имаше во изминатиот период, а Лазаров го врати и Мишевски од Вардар, кој ќе биде дел од денешниот ростер иако беше повикан во „пет до дванаесет“, по откажувањето на Марио Танкоски.

Покрај нив, освежување за националниот тим ќе биде и Митев од РК Алкалоид, кој настапуваше на ЕП во Унгарија во 2022, но овој јануари не беше дел од тимот во Краков и во Плоцк.

По денешниот меч во Скопје, веднаш ќе следи и реванш дуел во Порто против Португалија, закажан за недела.

Се вчитува...