„Ѓоковиќ е антихерој, ќе победи и ќе се насити на победата“

Новак Ѓоковиќ поради невакцинираност за Ковид-19 не е во можност да настапи на престојните турнири Индијан Велс и Мајами во Соединетите американски држави. Без Србинот нема фаворитска улога за трофејот на престојните грен-слем турнири, а за тоа говореше и легендарната тенисерка Крис Еверт.

Освојувачката на 18 грен-слем турнири во кариерата вели дека Ѓоковиќ е како антихерој кој се издигнува кога е најтешко, кога некој ќе му забрани нешто, а затоа е и најдобриот тенисер на светот.

„Доколку на Новак му кажете дека нешто не може да направи тој постанува поодлучен во намерата да го оствари тоа. А, кога ќе успее се сити на победата за да ја докаже поентата. Тој е како антихерој, се издигнува во моментите кога му е најтешко и кога некој ќе му каже дека нешто не може. Ако не му дозволат влез нема фаворит за турнирите. Ако е тука сите останати ќе имаат мали шанси. Тој е најдобриот тенисер на светот“, вели Еверт.

Се вчитува...