Баерн Минхен го совлада тимот на ПСЖ во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, и остави уште една неуспешна европска сезона за парискиот тим, кој никако да дојде до толку посакуваниот трофеј, и покрај тоа што во своите редови го има можеби најдобриот напад во моментов составен од Мбапе, Меси и Нејмар.
Претседателот на Баерн долеа „масло во огнот“ на ПСЖ и кажа дека парите не играат клучна улога во вакви натпреварувања и во фудбалските резултат.
„Не гледам ниту еден клуб во Лигата на шампионите кој е посилен од нас. Заслужено го совладавме ПСЖ. Го контролиравме мечот, сите случувања на теренот, целосно доминиравме. Покажавме дека со пари не може да се купи сѐ“, изјави Хајнер.
Германските медиуми алудираат дека оваа изјава се однесува на газдата на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи кој во 2011 го купи францускиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

