Галтие останува тренер на ПСЖ

Екипата на ПСЖ нема да го менува Кристоф Галтие на клупата на парискиот тим, и покрај елиминацијата од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Тренерот на тимот од Париз е под голем притисок после елиминацијата од „елитата“ во Европа, а вчера по мечот кажа дека рано е да се зборува за неговата иднина.

„Рано е да се зборува за мојата иднина. Ќе видиме што ќе се случува кога ќе ги имаме сите играчи на распологање“, изјави Галтие.

Француските медиуми пишуваат дека Галтие ќе остане во ПСЖ најмалку до крајот на сезоната, а потоа раководството на ПСЖ ќе одлучува за неговата иднина. На скапиот тим на ПСЖ му останува само француското првенство, со оглед дека претходно беше елиминиран од Купот на Франција.

Се вчитува...