Лазаров: Не сум задоволен, „поминаа“ некои работи што ги знаевме

Селекторот Кире Лазаров истакна дека не е задоволен од изданието на репрезентацијата на поразот по Португалија. Тој кажа дека поразот од шест разлика е незаслужен.

Лазаров истакна дека кај Македонија недостасувал фокус и концетрација, и дека резултатот можел да биде многу подобар од овој.

„Португалија беше фаворит пред мечот, знаевме за каква селекција се работи, одигравме достојно против ваква квалитетна селекција. Мислам дека незаслужено загубивме шест разлика, во еден миг и водевме. Не сум задоволен, затоа што поминаа некои работи што ги договаравме и кои ги знаевме. Не е срамота да се изгуби од Португалија, но ни недостасуваше фокус и концентрација. Можевме подобар резултат, но од друга страна знаеме каков противник е Португалија, која имаше и квалитетно светско првенство.

Треба на реваншот да поправиме од се’ по нешто. Малку доминираа и физички, изгубивме доста дуели, многу бевме дефицит на игра со пикер, иако бевме договорени да ги браниме квалитетни, и примивме многу голови од таа позиција затоа што беа подобри физички. Нашите играчи беа во еден мал грч, но се надевам дека како поминува времето ќе биде подобро.“, рече Лазаров.

Тој додаде дека е најважно Македонија да оди на Европско првенство, без разлика на која позиција на табелата ќе се најде.

„Најважно е да се пласираме на ЕП, против селекциите на Турција и Луксембург сме фаворити, но не е лесно во денешно време да се добијат мечеви, но треба сега да мислиме само на реваншот со Португалија“, вели Лазаров.

Се вчитува...