Карим Бензема лани ја играше најдобрата сезона во својата кариера, но сега ситуацијата е поинаква. Французинот е надвор од посакуваниот ритам, а главен проблем му се повредите, кои неверојатно зачестија од почетокот на оваа сезона.
Мадридските медиуми објавија дека Бензема пред два дена заработил нова повреда, жалејќи се на болка во скочниот зглоб. Голгетерот воопшто не тренирал, па нема да биде во комбинација за утрешниот натпревар против Еспањол. Меѓу „кралевите“ сепак постои оптимизам дека проблемот не е многу сериозен, па Бензема ќе може да се појави во тимот за реваншот од ЛШ против Ливерпул што ќе биде на програмата во вторник.
Меѓу „кралевите“ сепак владее сериозна загриженост, ова е вкупно осма повреда на најдобриот стрелец на тимот, а се уште сме почеток на март. Флорентино Перез и клупските директори се погласно се сомневаат дека Бензема би можел да го предводи нападот во наредната сезона. Поради ова, се најавува дека „кралевите“ подготвуваат офанзива за летен мегатрансфер на нов голгетер од светска класа, а на врвот на листата со желби се наоѓаат Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

