Џонов: Кога играш со репрезентација како Португалија концентрацијата мора да биде на високо ниво 60 минути

Македонската ракометна репрезентација по долги години загуби еден домашен квалификациски натпревар, откако по голема битка загуби од Португалија (23-29). Конечните „минус шест“ се нереална слика за случувањата на теренот, иако останува впечатокот дека гостите знаеја како да ја оправдаат фаворитската улога.

Еден од најдобрите на теренот во репрезентацијата на Македонија беше новиот член на РК Алкалоид, Иван Џонов. Младиот ракометар вели дека кога играш со противник како Португалија мора концентрацијата да биде на највисоко ниво сите шеесет минути.

„Кога играш со квалитетен тим како што е Португалија мора концентрацијата да биде на највисоко ниво сите шеесет минути. По 50 минута ние имавме пад и тоа го одлучи натпреварот. Некои од работите што ги договоривме пред мечот не ги испочитувавме и тоа беше клучот за пораз. За реваншот не можеме да промениме многу бидејќи е краток период, но ќе се обидеме да ги поправиме грешките. Одиме во Португалија да се бориме и да го дадеме својот максимум“, изјави Џонов. 

 

Се вчитува...