Над 3 милиони билети се досега продадени за ЛОИ во Париз

Речиси 3,25 милиони билети се продадени за ЛОИ во Париз по првата фаза од продажбата што започна пред помалку од еден месец. Првата фаза беше пуштена во продажба во пакети од најмалку три влезници и максимум 30, што е речиси една третина од вкупно 10,5 милиони билети за најголемиот светски спортски настан во 2024 година.

Од овие 3,25 милиони билети, речиси 13 отсто се продадени по цена од 24 евра, 70 отсто по цена помала од 100 евра и 4,5 отсто по цена од над 200 евра, соопштија организаторите. Две третини од клиентите се Французи, а билети купиле граѓани од дури 158 земји.

Набргу по започнувањето на првата фаза на 15. февруари, имаше критики дека цените се превисоки за некои седишта, како што се билетите од 690 евра за вечерната атлетска програма.

Организаторите се правдаат, потсетувајќи дека во јавноста ќе бидат понудени еден милион билети по цена од 24 евра, а пет милиони билети ќе чинат 50 евра и помалку. Втората фаза од продажбата на билетите, овој пат поединечни билети, ќе започне на 15. март со.

Се вчитува...