Поранешниот НБА кошаркар Џилберт Аренас смета дека Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар во НБА лигата по Мајкл Џордан.
Денвер Нагетс го избраа Јокиќ како 41. пик на драфтот во 2014 година. Во меѓувреме, Јокиќ две последователни години ја освои МВП наградата во НБА и е на пат да стане најдобар играч трета сезона по ред.
„Џокер е најдобриот избор на драфтот од Мајкл Џордан во 1984 година“, рече Аренас.
Аренас играше во НБА од 2001 до 2012 година за Голден Стејт Вориорс, Вашингтон Визардс, Орландо Меџик и Мемфис Гризлис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

