Баркли до Морант: Ако ти треба оружје кога одиш некаде, тогаш одиш на погрешни места

Ѕвездата во подем во НБА лигата, Џа Морант продолжува да биде топ тема во кошаркарската јавност, но за жал не поради неговите неверојатни забивања, туку поради скандалозното однесување надвор од теренот. Играчот на Мемфис во кус период беше поврзан со три случаи за користење на огнено оружје па доби и суспензија од НБА лигата.

За Морант сега говореше и легендарниот Чарлс Баркли кој испрати поучна порака…

„Една од нашите најголеми ѕвезди да биде повразан со три инциденти за користење на оружје е премногу. Се надевам дека детето ќе порасне и ќе најде подобро друштво. Следната година ќе добие нов договор од 231 милион. Се надевам дека нема да ја упропасти шансата. Тој е иднината на НБА, идол за младите, не може да се однесува како будала и идиот. Има 23 години, сите сме глупави на 23 години и јас имам правено глупости, но во денешно време ништо не минува невидено со сите камери, Твитер… Мора да се социјализира со возрасни. Ако ти треба оружје кога одиш некаде, тогаш одиш на погрешни места“, вели Баркли.

Се вчитува...