Eден од најдобрите кошаркари на денешницата, Кевин Дурент поради повреда на зглобот ќе отсуствува три недели, соопштија од Феникс. По прегледите со магнетна резонанца, утврдено е дека паузата ќе биде значително пократка од првично претпоставеното.
Дурант го повреди зглобот на загревањето пред натпреварот со Оклахома Сити Тандер. Откако дојде од Бруклин, Дурант одигра три натпревари за Феникс, со просек од 26,7 поени, 7,3 скока и 3,7 асистенции.
Дурант е двократен НБА шампион со Голден Стејт Вориорс, а во Аризона стигна како засилување за освојување на нов шампионски прстен. Со тимот на САД освои три олимписки злата (Лондон, Рио и Токио), како и светската титула во Турција во 2010 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

