Шефот на Ферари: Поблиску сме до Ред Бул од Астон Мартин

Првиот човек на италијанскиот Ферари, Фред Васер смета дека неговиот тим е поблиску до Ред Бул отколку Астон Мартин, иако на првата трка од шампионатот во Формула 1 пропушти да се најде на подиумот.

Шарл Леклер прерано ја заврши трката поради технички проблеми во 41. круг, додека вториот возач на Скудерија, Карлос Саинц беше четврти. Возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо беше трет зад тандемот над Ред Бул Ферстапен-Перез.

„Ако го погледнете првиот дел од трката, мислам дека бевме поблиску до Ред Бул отколку Астон Мартин. Сепак, тоа е само една трка и рано е да се извлечат какви било заклучоци“, рече Васер.

Следната трка во шампионатот е закажана за 19. март, а ќе се вози за Големата награда на Саудиска Арабија.

Се вчитува...