Најдобрата алпска скијачка во историјата Микаела Шифрин испиша историја откако успеа да се израмни на врвот со легендарниот Ингермарк Стенмарк за најмногу победи во сезоната во Светскиот куп.
Таа до победата број „86“ стигна откако беше најдобра на велеслаломската трка која денеска се возеше во шведскиот ски-центар Оре. Американката до победата стигна со вкупно време од 1:54.64 минута што беше за 64. стоти делови од секундата подобро од второпласираната Италијанка Федерика Брињоне. Подиумот го надополни домашната Сара Хектор со заостанување од 92 стотинки зад победничкото време.
Со оваа победа Шифрин го осигура и малиот кристален глобус во конкуренција на велеслалом. Утре кај дамите на програмата е слаломската трка во Оре која е последна пред завршницата на Светскиот куп која на 15. март почнува во андорскиот Солдеу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА