Разделбата е неизбежна: Леао побара сума што Милан нема намера да му ја плати

Рафаел Леао е чекор поблиску до заминување од Милан откако Португалецот постави услови што „росонерите“ немаат намера да му ги исполнат.

Како што јавува „Газета дело спорт“, во наредните денови ќе стартува новата рунда преговори за продолжување на соработката,  но Португалецот јасно ставил до знаење дека нема намера да прифати плата помала од 7,5 милиони евра по сезона (плус бонуси). Ова е за повеќе од три пати повисока плата од онаа што Леао ја заработува во моментов, па тешко е за верување дека директорот Малдини ќе ги прифати условите на кои инсистира крилниот офанзивец.

Милан ќе заработи речиси 20 милиони евра повеќе со самиот пласман во четвртфиналето од Лигата на Шампионите со што има доволно средства за да се задоволат барањата на Леао, но проблемот во преговорите е систематски. Имено, најплатен фудбалер на Милан во моментов е Тео Ернандез со плата од 4,5 милиони евра годишно, па ако Леао добие двојно поголема плата, „росонерите“ стравуваат од незадоволство кај дел од останатите првотимци кои би инсистирале на нови преговори и зголемување на заработувачката.

Поради ова, многу поверојатно е дека италијанскиот шампион ќе го продаде Португалецот додека неговата вредност на пазарот ја надминува границата од 100 милиони евра. Реал Мадрид го следи Леао и подготвува понуда за летниот преоден рок, а се очекува во трката да се врати и Челси, но и ПСЖ и Манчестер јунајтед, кои минатото лето покажаа сериозен интерес за овој фудбалер.

Се вчитува...