Столе Димитриевски брани во извонредна форма во дресот на Рајо Валјекано, па македонскиот ас на мечот со Атлетик Билбао стана нов рекордер на својот клуб, како прв голман што успеал да стигне до девет меча без примен гол во една сезона во Примера дивизион.
Рајо Валјекано викендов се среќава со Селта, меч на кој македонскиот репрезентативец ќе брка уште еден рекорд. Имено, ако Димитриевски не прими гол, тој ќе го израмни остварувањето на Коке Контрерас, кој имал десет меча со вакво остварување во сезоната 1996/97 додека тимот се натпреварувал во втората лига.
Столе има уште 14 натпревари сезонава да се обиде најпрвин да го израмни, а потоа и да го урне рекордот на Контрерас. Димитриевски има вкупно 19 меча без примен гол откако пристигна во мадридскиот клуб, исто колку и легендарниот голман Вилфред, со кого моментно е израмнет на врвот во оваа категорија во клупската историја на Рајо Валјекано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА