Прескапиот проект на катарските газди насловен „ПСЖ“ доживеа уште еден неуспех во остварувањето на целта – освојување на Лигата на Шампиони. Парискиот клуб оваа година доживеа елиминација од Баерн Минхен во осминафиналето од најсилното фудбалско натпреварување па во клубот се очекува „вртење на нов лист“ со серија заминувања и подмладување на ростерот.
Најзвучното име кое е на излезните врати на „Паркот на Принцовите“ е Нејмар кој не се вклопи во „големата тројка“ со Меси и Мбапе па Бразилецот кој прв стигна во Париз и прв ќе си замине. Французинот и Аргентинецот остануваат да бидат лидери на тимот кој сепак ќе доживее подмладување со ангажман на седум нови фудбалери, пренесува „Л’Екип“.
Листата ја предводи Бернардо Силва кој заминува од Манчестер Сити, а нападот треба да биде засилен и со Виктор Осимен од Наполи и 19-годишниот Рајан Шерки од Лион. На радарот на „светците“ е и 21-годишниот напаѓач на Бенфика Гонсало Рамос.
Стоперската позиција ќе ја засили Милан Шкринијар кој доаѓа како слободен играч од Интер, а друштво на Словакот во одбрана ќе му прави фудбалерот на Вилјареал Пау Торес. Желба на управата на ПСЖ е средниот ред да го засилат 21-годишникот на Борусија Менхенгладбах, Ману Коне и 25-годишникот на ПСВ Ајндховен, Ибрахим Сангаре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА