Лука Станковски продолжува со одличните игри во дресот на Горица, откако македонскиот фудбалски талент се пресели во овој словенечки клуб на позајмица од турскиот прволигаш Газиантеп.
Откако во минатото коло беше стрелец за победа против Целје, Станковски денеска повторно стрелаше прецизно, носејќи му бод на својот тим на дуелот на домашен терен против Мура. Тој имаше две одлични шанси, при првата во првото полувреме го погоди дирекот, но затоа беше прецизен во реализацијата на втората можност во противничкиот шеснаесетник.
Македонскиот интернационалец одлично се снајде на почетокот од второто полувреме, примајќи ја топката на градите пред мајсторски да ја смести во мрежата за водство од 1-0. Станковски потоа беше повлечен од игра, а Горица прими гол на десетина минути до крајот, по што овој натпревар заврши без победник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА