Продолжува „сапуницата“: Дешамп објасни зошто Бензема не играше на СП, напаѓачот го нарече кловн

Играчот на Реал Мадрид, Карим Бензема го пропушти последниот Мундијал во Катар, официјално поради повреда. Но, со тоа веројатно не се согласува фудбалерот кој ја продолжи „војната“ на социјалните мрежи со актуелниот француски селектор Дидие Дешамп, кој не сметаше на Карим на последните две Светски првенства.

Дешамп објасни што се случувало пред почетокот на Мундијалот, објаснувајќи дека самиот Бензема му соопштил дека нема да биде подготвен најмалку до 10. декември, и затоа не се нашол меѓу патниците на СП. Потоа Бензема се опоравил од повредата, но Дешамп се одлучи да не го повика.

„Не навредува кога се кажува тоа. Постои само една вистина, и Карим ја знае. Ни се приклучи на 14. ноември откако во клубот не беше целосно активен поради повреда. Работеше под посебна програма. Не беше сигурен дали ќе може да стартува против Австралија во првиот натпревар. Кога се повреди, нашиот лекар го однесе на магнетна резонанца. Карим резултатите ги испрати и на својот доктор во Мадрид. Во хотелот се врати после полноќ, јас го сретнав со нашиот лекар. Карим беше лут затоа што СП многу му значеше и рече дека е уништен. Во најдобар случај би се вратил на тренинзите на 10. декември. РЕче дека е разочаран што мора да си оди, но одлуката ја правдаше за доброто на селекцијата. Бевме заедно 20 минути. Кога си заминуваше му реков нема потреба да брза. Беше тоа негова одлука, и јас ја почитувам“, рече Дешамп.

Бензема му одговори на социјалните мрежи со натпис „Каква дрскост“, и стави слика од кловн.

Се вчитува...