Легендарниот Линекер отстранет од „Би-Би-Си“ поради критики кон министерка

Лергедарниот англиски фудбалер, и најдобар стрелец на СП во Мексико 1986 година, одредено време нема да биде водител на Би-Би-Си и емисијата „”Match of the Day” (Натпревар на денот), откако мина повеќе од 20 години во таа улога.

Линекер, кој е најплатениот вработен на британската телевизиска куќа, мораше да се повлече на барање на гневните конзервативни политичари кои биле погодени од неговиот „Твит“ со кој на одлуката на министерката за внатрешни работи Суел Браверман, со кој се оневозможи влез на сите мигранти во Британија, ја спореди со нацистички закони од Германија во 1930 година.

Браверман се пожалила на „Би-Би-Си“ на Линекер, па од телевизијата објавија дека ќе имаат „искрен разговор“ и дека моментално ќе биде оддалечен од емисијата.

Линекер има 8,7 милиони следбеници на „Твитер“ и никогаш не се штедел да го изрази своето мислење врзано со актуелните политички теми како што се Брегзит или мигрантската криза.

Сепак, тој добил поддршка од многу колеги, а исто така и фудбалерите му пружаат поддршка и велат дека денеска нема да даваат изјави во одбрана на Линекер.

„Никогаш во животот не добив волку љубов и поддршка како сега. Ви благодарам на сите“, стои во една објава на Линекер после обвинувањата на министерката.

Се вчитува...