Екипата на ТФТ го претрпе 10-тиот пораз во АБА2 лигата, откако денеска загуби убедливо од лидерот Хелиос Домжале со 93-61. Одличната прва четвртина на македонскиот тим, не донесе изненадување, па од вториот период па до крајот Хелиос го презеде водството, и само го зголемуваше.
ТФТ потфрли во финишот (последните две четвртини ги загуби убедливо 24-9 и 29-13), и немаше што да бара во салата „Пецара“.
Залудни беа 20-те поени на Батрик кој беше најефикасен на средбата, додека кај Хелиос Тинстал со 19 беше најдобар поединец за победничкиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА