Наинголан: Можам да испијам 20 чашки алкохол, и да играм меч

Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан, во зимскиот преоден рок како слободен играч замина во Спал, тим од Серија „Б“. Наинголан во текот на кариерата, во која играше и за Интер и за Рома, беше претпознатлив по проблематичниот однос.

Воедно, му одговори на Валтер Сабатини, поранешниот директор на Рома, кој кажа дека Наинголан може да пие алкохол ноќта претходно и да одигра натпревар.

„Страдав како дете затоа што семејството ми беше сиромашно. Се жртвував за да станам фудбалер. Не сакам да престанам да уживм во животот, а природата ми даде тело на кое не влијаат работи кои ги правев. Во секој клуб имав проблеми. Во Рома доцнев и имаше снимки на кои не бев присебен. А потоа дочек на Нова година кај мене. Ќе го памтам до крајот на животот“, рече Наинголан.

„Снимка од јас како пијан и како пушам и изговарам непристојни зборови го обиколија светот. Сите ме нападнаа, Рома се налути, беа во право“, изјави тој.

Потоа се врати на изјавите на Сабатини.

„Го повикав Сабатини и му кажав дека осум чашки не се доволни. Можам да пијам 20 и да играм меч. Тој ме сака, и ме советуваше да водам подобар живот за да бидам подобар. Не се сложувам. На теренот давав се од себе“, рече Наинголан.

Се вчитува...